Голманот на Интер бил во шок по фаталната несреќа, отворена истрага за предизвикување смрт

by bojan
2 минути читање

Медиумите од Италија објавија повеќе детали за драматичниот ден на Жозеп Мартинез, резервниот голман на Интер беше инволвиран во фаталната несреќа и е отворена истрага за предизвикување смрт.

Вторник беше драматичен ден за Интер, клубот беше потресен од сериозната сообраќајна несреќа во која беше инволвиран Жозеп Мартинез.

Резервниот голман на „нероаѕурите“, на пат кон тренинг со своето возило удрил постар маж во инвалидска количка, кој за жал им подлегнал на повредите.

Медиумите од Италија сега излегоа со повеќе информации и објавија дека починатото лице е 81 годишниот Паоло Саибене.

Според првичните извештаи, Саибене, кој се движел со електрична инвалидска количка, излегол од велосипедската патека и навлегол во коловозната лента по која се движело возилото управувано од Жозеп Мартинез, ударот бил неизбежен и фатален.

Голманот веднаш се обидел да му помогне на човекот, вршел реанимација, но за жал не успеал да му го спаси животот. Судските лекари сега ќе ја утврдуваат причината поради која Саибене скршнал кон коловозната лента, се претпоставува дека му се слошило, а и други сведоци ја потврдуваат верзијата на Жозеп Мартинез.

Како што налага процедурата, отворена е истрага за предизвикување смрт во сообраќајна несреќа, Жозеп Мартинез бил подложен на алкотест и тест за други, кои биле негативни. Возилото и мобилниот телефон на Шпанецот исто така се запленети, и ќе се проверува со која брзина тој се движел, и дали го користел мобилниот телефон во кобниот момент.

Жозеп Мартинез управувал возило од брендот БиД (официјален спонзор на Интер), кој го добил само пред две недели и го возел по втор пат. Тој бил во целосен шок по несреќата, соиграчите и луѓето од итната помош го начекале како седи крај патот со главата во рацете.

Дома се вратил околу 18 часот попладнето, веднаш го пречекал психолог со оглед на тоа дека едвај можел да врзе два збора.

ФОТО: X/Inter

Можно е и ова да ти се допаѓа

×