131
По одличниот старт на сезоната Милан врза две средби без победа, по ремито против Пиза, росонерите денеска одиграа 1-1 кај Аталанта во Бергамо.
Милан имаше совршен старт на мечот откако Ричи уште во четвртата минута даде гол за водство од 1-0.
Во 35. минута Лукман израмни на 1-1, тој со силен шут биеше под пречката на Мењан.
🚨🇮🇹 WHAT A FINISH FROM ADEMOLA LOOKMAN AGAINST AC MILAN! 🤯pic.twitter.com/5tT0vWeOwc
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) October 28, 2025
Во второто полувреме Аталанта беше подобар тим, имаше повеќе шанси за победа, но не успеа да триумфира.