Некогаш беше кандидат за Златна топка, сега на 54 години заигра во четврта лига со двата сина!

by 24 фудбал
1 минути читање

Јари Литманен повторно заигра фудбал и тоа на естонските терени. Финската легенда, на 54 години, настапи за третата екипа на Талин Калев и веднаш привлече огромно внимание кон пониските лиги во Естонија. Литманен реши да го облече дресот на клубот каде што играат неговите два сина и ги оствари последните соништа во кариерата.

Имав можност да играм со моите два сина во официјален натпревар. Тоа беше момент што се доживува еднаш во животот. Благодарност до тренерот и соиграчите што го направија тоа можно“, објави тој на Инстаграм.

Финецот одигра два меча. Прво доби само четири минути, а две недели подоцна и половина час на теренот, но неговиот тим загуби во двата случаи. И покрај тоа, присуството на најголемата легенда во историјата на финскиот фудбал беше вистински спектакл во четвртата лига на Естонија.

Литманен остави длабока трага во Ајакс за кој од 1992 до 1999 година постигна 129 гола на 228 натпревари и ја освои Лигата на шампионите во 1995 година. Потоа играше за Барселона и Ливерпул, а професионалната кариера ја заврши во 2011 година во дресот на ХИК Хелсинки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×