Премиер лигата ја напушта традицијата, само еден натпревар на „Боксинг деј“!

by 24 фудбал
1 минути читање

Премиер лигата оваа година целосно ја менува традицијата на „Боксинг деј“. Наместо добро познатиот фудбалски маратон на 26 декември, Англичаните ќе добијат само еден натпревар.

Островските медиуми пишуваат дека причината лежи во преполнетиот календар и обврските кон телевизиските партнери. Лигата мора да почитува однапред утврден број на викенди за пренос што создава проблем сите натпревари да бидат закажани во ист ден.

Бидејќи 26 декември паѓа во петок, тој ќе биде третиран како дел од редовно коло, без традиционалниот распоред кој со години го правеше фудбалот главна забава за празниците. Останатите мечеви ќе бидат распоредени во сабота и недела.

Иако постојат напори да се најде решение и да се спаси духот на „Боксинг деј“, засега нема знаци дека нешто ќе се промени. Овојпат навивачите ќе добијат многу поскромно издание на празничниот ден кој со децении беше заштитен знак на англискиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×