ФИФПро ја објави листата на кандидати за идеалниот тим за 2025 година. Во изборот учествуваат над 26 илјади професионални фудбалери од 68 држави, што ја прави оваа награда една од најрепрезентативните во светскиот фудбал.
Меѓу номинираните се и легендите Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Иако веќе не настапуваат во Европа и играат во Саудиска Арабија и во Соединетите Американски Држави, нивниот статус и влијание во фудбалот се уште се огромни.
Кандидати за идеалниот тим на 2025 година:
Голмани: Алисон Бекер, Тибо Куртоа, Џанлуиџи Донарума
Одбрана: Трент Александер Арнолд, Пау Кубарси, Вирџил Ван Дајк, Ашраф Хакими, Маркињос, Нуно Мендеш, Вилиам Салиба
Среден ред: Џуд Белингем, Кевин Де Брујне, Лука Модриќ, Жоао Невес, Кол Палмер, Педри, Федерико Валверде, Витиња
Напад: Осман Дембеле, Ерлинг Халанд, Рафиња, Мохамед Салах, Ламин Јамал, Кристијано Роналдо, Лионел Меси
Фудбалскиот свет со голем интерес ја очекува конечната одлука. Идеалниот тим ќе биде официјално објавен на трети ноември.