Трагедија го погоди шпанскиот фудбал: На 15 години почина голем талент!

by Стефан
1 минути читање

Тажна вест ја потресе шпанската фудбалска јавност, животот го загуби 15-годишниот талентиран фудбалер Жорге Касадо Роше, член на младинската академија на Сарагоса.

Од клубот со голема тага ја потврдија трагедијата, поради која сите натпревари од младинските категории се одложени. Според информациите од шпанските медиуми, младиот фудбалер починал утрово во својот дом, а причината била природна смрт.

Погребот ќе се одржи в среда во неговиот роден град. Роше важеше за еден од најперспективните фудбалери во генерацијата на Сарагоса, а доказ за толку колку тимот веруваше во него е и тоа што неколку пати тренираше со првиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×