Јамал го пецнал Винисиус онаму каде што најмногу го боли!

by riste
1 минути читање

Фудбалерите на Реал Мадрид паднаа на провокациите на Ламин Јамал, реагираа и пред и по натпреварот, но она што е најважното го покажаа на теренот каде победија со 2-1.

Сепак, денеска многу повеќе се зборува за инцидентите меѓу двата табора отколку за играта.

По последниот судиски свиреж, фудбалерите на Реал Мадрид му се пуштија на Ламин Јамал кој беше главниот провокатор пред дербито откако изјава дека Реал Мадрид постојано краде, па се жали.

Куртоа и Карвахал му се пуштија на Јамал, а потоа дојде Винисиус кој сакаше и физички да се пресметка со фудбалерот на Барселона.

Бразилецот му рекол на Јамал дека многу зборува, а овој му вратил и го пецнал онаму каде што најмногу боли.

„Ти ја изгуби Златната топка поради тоа“, му рекол тинејџерот на Винисиус што веројатно дополнително го запалило бразилскиот фудбалер.

Винисиус лани беше веќе „виден“ со Златната топка, како резултат на трите трофеи што ги освои со Реал, но во последен момент до најголемото индивидуално признание во светот на фудбалот стигна Родри од Манчестер Сити. Причина за поразот во гласањето било токму однесувањето на крилниот играч кој безмалку на секој натпревар предизвикува скандали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×