Винисиус Жуниор не постигна гол на вчерашното Ел Класико кое го доби Реал Мадрид со 2-1, но беше во центарот на вниманието поради неговата реакција кога Алонсо реши да го извади, но и по инцидентот со Јамал по последниот судиски свиреж.
Фудбалерот на Реал сега излегува со порака за навивачите.
„Имам порака до сите Мадридисти, особено оние кои дојдоа на Бернабеу и нè бодреа пасионирано. Така е na Класико, се случуваат многу работи на и надвор од теренот. Се обидуваме да одржиме рамнотежа, но тоа не е секогаш можно. Не сакавме никого да навредиме, ниту младите играчи ниту навивачите. Знаеме дека кога ќе излеземе на теренот, мора да ја одиграме нашата улога, и така беше денес. Хала Мадрид“, рече Винисиус.