Варди го постигна првиот гол во Серија А, па знаеше како да прослави (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Џејми Варди го запиша својот првенец во најсилното првенство на Италија, вечерва погоди против Аталанта и знаеше како да прослави, акробатски со салто.

Легендата на Лестер, ова лето се реши за нова авантура и преселба во Серија А, стави потпис со Кремонезе.

Вечерва тој го постигна првиот гол во Калчото, ја затресе мрежата на Аталанта во 8. коло од најсилното првенство на Италија.

Во 78. минута, Џејми Варди се најде на право место и една одбиена топка рутински од пет метри ја смести во мрежата за 1-0.

Англичанецот знаеше како да го прослави својот првенец, па акробатски со салто покажа дека е во одлична физичка подготвеност и на 38 години.

Сепак, овој гол не беше доволен за Кремонезе да се радува на победа, Аталанта пет минути подоцна изедначи преку Брешанини за конечни 1-1.

ФОТО: X/Lega Serie A

Можно е и ова да ти се допаѓа

×