Спартак Варна продолжува да оди по вистинскиот пат во бугарскиот шампионат. Екипата на Ѓоко Хаџиевски овој пат го совлада Ботев Пловдив со 3:2 и ја потврди одличната форма во која се наоѓа клубот.
Македонскиот тренер и неговиот внук Георг Стојановски повторно беа во центарот на вниманието. Стојановски го отвори мечот со гол во 14. минута и на најдобар можен начин му донесе предност на својот тим.
Во вториот дел Стојановски му возврати на асистенцијата на Коуто и се запиша меѓу асистентите на втор меч во низа.