Билетите за последната битка на Македонија во квалификациите за СП пуштени во продажба

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација на 18 ноември во Кардиф ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство, а билетите за овој дуел веќе се во продажба.

Според прописите на УЕФА, за македонските навивачи се издвоени околу 1.500 места во гостинскиот сектор, а цената на еден билет, според одлуката на домаќинот, изнесува 2.800 денари.

Билетите може да се набават преку платформата eticket.ffm.mk. Повеќе информации за постапката за купување и добивање на билетот може да прочитате – ТУКА.

Дуелот со Велс ќе биде од клучно значење за „црвено-жолтите“ и во него Македонија ќе се бори за второто место во групата, кое би ни обезбедило подобра позиција во баражот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×