Салах не трпи да биде на клупа – го избриша Ливерпул од социјалните мрежи! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Мохамед Салах е легенда на Ливерпул, но игра лошо оваа сезона, па Арне Слот реши да го седне на клупата на последниот меч, тоа вроди со плод и црвените го растурија Ајнтрахт од Франкфурт со што ја прекинаа црната серија.

Салах во игра влезе во 74. минута и веројатно револтиран од одлуката на менаџерот, постојано сам ги завршуваше акциите што исто така предизвика лутина кај навивачите.

Дека не му е сеедно тоа што не е стартер, потврда е потегот на Салах во текот на вчерашниот ден. Од својата биографија на социјалните мрежи, тој го тргна Ливерпул, па сега не пишува дека е фудбалер на овој клуб.

Ова веројатно е јасна назнака дека Салах ја игра последната сезона во Ливерпул и дека од идната година ќе носи дрес на друга екипа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×