Според информациите на „Скај Спортс“, Марк Андре Тер Штеген би можел да ја напушти Барселона во јануари. Како што пренесува изворот, каталонскиот клуб е подготвен да разгледа понуди и за позајмица и за целосен трансфер на германскиот голман, доколку стигне соодветна финансиска понуда.
Тер Штеген е дел од Барселона од 2014 година и важи за еден од најважните играчи во последната деценија, но ситуацијата околу финансискиот фер-плеј и потребата клубот да намали плати би можеле да доведат до неочекуван развој на настаните. Кога на тоа ќе се додадат проблемите со повредите и фактот дека кога е здрав Тер Штеген е незадоволен дека нема првотимски статус, ситуацијата станува појасна.
Во последните месеци се шпекулира дека неколку европски гиганти, меѓу кои и Баерн Минхен и Челси, внимателно ја следат ситуацијата со германскиот чувар на мрежата.
Доколку навистина дојде до разделба, тоа би била една од најголемите зимски трансфер-бомби во Европа.