ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Млад фудбалер во Бразил загина откако со мотоцикл удри во крава на патот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилскиот фудбал тагува по смртта на младиот Антони Илaно. 20-годишниот играч загина во тешка сообраќајна несреќа кога со својот мотоцикл удрил во крава што се движела по патот.

Инцидентот се случил во сојузната држава Пјауи пред неколку дена. Според локалните медиуми, неколку крави се нашле на коловозот во моментот кога Илaно минувал со моторот, по што дошло до директен судир. Младиот спортист починал на самото место, пред да пристигне итната помош.

Несреќата е снимена од безбедносни камери, а видеото брзо се прошири на социјалните мрежи. Локалните власти упатија апел до граѓаните за поголема внимателност и контрола на животните во близина на патиштата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×