Tргна ефикасно и вториот ден во ЛШ: Два натпревари, осум гола! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Галатасарај по триумфот над Ливерпул вечерва ја запишаа и втората победа во низа во Лигата на шампионите совладувајќи го Бодо Глимт на свој терен со 3-1.

Турскиот гигант беше подобар противник во текот на комплетниот натпревар, а на крајот заслужено ги освоија бодови. Во првото полувреме блескаше Виктор Осимен кој беше стрелец на два гола. Прво Нигериецот го отвори резултатот во третата минута за потоа да стрела и уште еднаш половина час подоцна.

Со предност од 2-0 турскиот гигант замина на паузата. Се играше 60-тата минута кога Акгун зголеми на 3-0. Бодо преку Хелмерсен во 76. минута само го ублажи поразот.

Ефикасен беше и вториот натпревар кој заврши со истиот резултат, а во него Атлетик Билбао го совлада Карабах со 3-1. Карабах го отвори резултатот уште во првата минута, додека Гурузета израмни на пет минути пред крајот на регуларниот дел.

Во вториот дел. Наваро донесе водство за Баскијците, а Гурузета со уште еден гол во завршницата само ја потврди победата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×