Одлична вест за Флик, Барселона доби големо засилување пред „Ел Класико“!

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона доби големо засилување пред „Ел Класико“. Рафиња се врати на тренинзите и најверојатно ќе биде подготвен за дербито против Реал Мадрид кое викендов ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Бразилецот се повреди на 25 октомври против Овиедо, а последната седмица работеше индивидуално. Денеска првпат одработи цел тренинг со соиграчите и според каталонските медиуми, без никаков проблем ги издржал сите напори. Тоа е јасен сигнал дека Рафиња е блиску до враќање и постои можност дури да започне од првата минута против Реал.

Ханси Флик може да биде задоволен и од фактот што Феран Торес исто така би требало да биде „фит“ за дуелот во Мадрид, додека во тимот се враќа и Кристенсен кој поради болест го пропушти натпреварот со Олимпијакос. На списокот со повредени во пресрет на дербито остануваат само голманот Жоан Гарсија, плејмејкерот Дани Олмо и Роберт Левандовски.

Барселона синоќа славеше против Олимпијакос, а одлична шанса добија младите Ламин Јамал и Фермин Лопез кои беа стартери во победата на каталонците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×