194
Летот на фудбалерите на Ливерпул за Германија пред мечот во Лигата на шампиони (ЛШ) против Ајнтрахт Франкфурт бил одложен поради дефект на авионот.
Ѕвездите на Ливерпул не тргнаа на време кон Германија, па затоа беше откажана и прес-конференцијата која требаше да ја одржи тренерот Арне Слот, а воедно фудбалерите на премиерлигашот тренираат во својот камп.
Ливерпул гостува кај Ајнтрахт во Франкфурт во третото коло од ЛШ и ќе се обиде да ја прекине црната серија од четири порази по ред.