Барселона до врв ја наполни мрежата на Олимпијакос (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Барселона со убедливи 6-1 го растури Олимпијакос, Каират Алмати и Пафос одиграа без голови во првите денешни натпревари од Лигата на шампионите.

Фармин Лопез беше ѕвездата на вечерта на овој меч, тој даде хет-трик, два погодоци постигна Рашфорд, а еден Ламин Јамал, тој погоди од пенал.

Важно е да се напомене и дека Олимпијакос остана со играч помалку во 57. минута кога Хезе доби втор жолт картон. Во тие моменти водството на Барса беше само 2-1.

Во Барселона беше суперефикасно, но не и на мечот меѓу Каират Алмати и Пафос каде немаше ниту еден погодок.

Можеби ситуацијата ќе беше поинаква доколку Пафос не добиеше црвен картон уште во четвртата минута. Кореиа беше исклучен поради остар старт.

Гостите од Кипар и со играч помалку беа поблиску до победа, а ВАР им поништи и гол во финишот од мечот поради офсајд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×