Флик лансира уште еден талент, 17-годишник со филипинско потекло стартер за Барса во ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона е позната по тоа дека им дава шанса на младите и талентирани фудбалери низ годините.

Сега е време за уште еден талент кој Ханси Флик ќе го лансира во првиот тим. Станува збор за Дро Фернандез, 17-годишник кој има шпански и филипински пасош. Младото момче игра во офанзивниот дел од средниот ред и ќе биде стартер на натпреварот против Олимпијакос во Лигата на шампионите.

Дро Фернандез оваа сезона има еден настап во првиот тим на Барселона, бидејќи играше едно полувреме во победата над Реал Сосиедад во септември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×