„Правилото на Венгер“ е сè поблизу, а потоа фудбалот никогаш нема да биде ист!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, кој денеска е шеф за глобален развој на фудбалот во ФИФА, би можел да предизвика вистинска револуција во спортот. Неговиот предлог за ново правило за офсајд, кој првпат беше претставен пред две години, повторно е активиран и доставен до ИФАБ.

Според идејата на Венгер, офсајд нема да се суди ако само еден дел од телото на напаѓачот е пред одбранбениот фудбалер, туку само ако целото тело е понапред. Со модерната технологија ќе може прецизно да се утврди моментот кога напаѓачот е навистина во недозволена положба.

Меѓународниот судија Итуралде Гонзалес потврди дека предлогот повторно е ставен на маса и ќе се разгледува на следниот годишен состанок на ИФАБ. Доколку биде прифатен, ќе следи тестирање на помали натпреварувања уште оваа сезона.

Новото правило, ако биде усвоено, би донело големи промени во начинот на игра, особено во поставувањето на одбраната и офанзивната тактика на тренерите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×