Антонио Касано го критикуваше нивото на Серија А, смета дека ситуацијата е срамна и причина зошто клубовите од Серија А се мачат во Европа.
Антонио Касано никогаш не се штедел во критиките, па така беше и сега кога доби прашање за квалитетот на Серија А.
„Италијанското првенство е бедно, не нуди никакви емоции Единственото што го држи во живот е страста на навивачите, квалитетот е навистина низок. Ситуацијата е срамна, скоро понижувачка“ – вели поранешниот фудбалер на Сампдорија, Рома, Милан и Интер.
Тој потоа како пример го даде натпреварот помеѓу Рома и Интер и дербито на „Олимпико“ од саботата.
„Се чудиме зошто нашите клубови се мачат во Европа, но тоа е реалноста – Серија А е во пад“.
„Вистинско мачење е кога гледате некои натпревари. Нема ритам, нема спектакл. На мечот Рома-Интер имаше дури 44 прекршоци, тоа не е фудбал“.
Антонио Касано на крајот додаде: „Фудбалот мора да се развива како во Англија. А ние? Одиме да играме во Перт…“