Аталанта остана единствена непоразена во Италија

by Стефан
1 минути читање

Аталанта ја продолжи низата без пораз и по седум одиграни кола во Серија А, откако вечерва во Бергамо одигра без голови против Лацио (0-0).

Тимот од Бергамо така останува единствениот непоразен состав во италијанското првенство, но со оглед на тоа што пет од седумте мечеви завршија нерешено во овој моментално се наоѓаат на oсмата позиција со 11 бода.

Натпреварот не понуди премногу возбудувања, првата посериозна шанса дојде дури во 50. минута, кога Лукман со глава шутираше над голот, а десет минути подоцна се закани и Ахаор. До крајот и двата тима имаа по уште неколку обиди, но резултатот остана непроменет.

Лацио,по седум одиграни кола се наоѓа на 12. позиција со четири бода помалку од Аталанта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×