Анге Постекоглу имаше кратка авантура на клупата на Нотингем Форест во Премиер лигата. Грчкиот тренер со австралиски пасош заработи отказ по поразот од Челси (0-3) и мандатот на „Сити Граунд“ го заврши без ниту една победа.
Престојот на клупата на поранешниот европски првак на Постекоглу беше само 39 дена. Интересно, ова не е најкраток мандат на еден тренер во Премиер лигата.
Негативен рекордер е Сем Алардајс во Лидс Јунајтед, кој во 2023 година го водеше тимот на само четири натпревари, односно неполн месец и доби отказ по 30 дена. Постекоглу сега е втор на листата, а по него следува Лес Рид кој го водеше Чарлтон 40 дена, Хави Гарсија кој го водеше Лидс 69 дена и Рене Меуленстин кој го водеше Фулам 75 дена.