Атлетико Мадрид запиша минимална победа од 1-0 против Осасуна на „Ванда Метрополитано“ и стигна до четвртото сезонско славје во Ла Лига.
Херој на „јорганџиите“ беше Тиаго Алмада кој во 69. минута го постигна единствениот погодок на натпреварот по асистенција од Симеоне.
Атлетико уште во деветтата минута погоди преку Алекс Баена, но ВАР го поништи голот поради офсајд. Во првото полувреме закани имаа и Гризман и Торо, но мрежите мируваа. Во вториот дел избраниците на Диего Симеоне ја презедоа контролата и ја крунисаа подобрата игра со погодок на Алмада.
До крајот ја одбранија предноста и стигнаа до 16. бод, додека Осасуна остана со десет и падна на 12. место.