Антони е херој: Од 2-0 го врати Бетис до реми кај Виљареал! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилскиот фудбалер Антони одново покажа дека игра во врвна форма кога е далеку од Манчестер Јунајтед.

Бетис се врати од 2-0 на погонот на Бразилецот и на крајот ремизира со 2-2 против Виљареал на гости во рамките на деветтото коло во Ла Лига.

„Жолтата подморница“ поведе со головите на Бјукенен и Молеиро, меѓутоа потоа како да се опушти. Антони прво во 67. минута изведе мајсторија и даде ефектен гол за 2-1.

Кога сите го чекаа крајот на средбата, Антони и вторпат ја презеде работата во свои раце и во 95. минута реализира за конечните 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×