Трапановски даде гол само што влезе во игра против Ренџерс и Миовски! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Кристијан Трапановски го постигна првиот погодок во новата сезона, откако се врати од повредата и стрела во ремито на Ренџерс и Данди Јунајтед (2-2). Македонското крило само што влезе во игра и буквално погоди од првиот контакт со топката.

Трапановски испрати одличен удар, неодбранлив за домашниот голман на „Ајброкс“ за израмнување во тој момент (1-1). За него ова беше прв гол на вториот настап, бидејќи се повреди во подготовките и паузираше повеќе од два ипол месеци.

Ова беше македонска пресметка во Шкотска, бидејќи на спротивната страна стартер беше Бојан Миовски кој одигра цел натпревар, но немаше учинок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×