Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, легендарниот Французин Зинедин Зидан, состави свој „идеален фудбалер“.
Тоа го направи така што за секоја фудбалска особина избра по еден актуелен или поранешен фудбалер, оној кој, според него, ја поседува совршената верзија на таа вештина.
Интересно е што „идеалниот фудбалер“ на Зидан главно е составен од негови поранешни соиграчи, но и од фудбалери кои тој самиот ги тренирал.
Лева нога: Зидан
Десна нога: Зидан
Игра со глава: Зидан
Сила: Златан Ибрахимовиќ
Дриблинг: Алесандро Дел Пјеро
Завршница/голгетерски инстинкт: Роналдо или Кристијано Роналдо
Визија: Зидан
Удар од далечина: Лука Модриќ
Слободни удари: Дел Пјеро, Мишел Платини или Андреа Пирло
Дуел игра: Лилијан Тирам
Лидерство: Тони Крос
Она што најмногу изненади е фактот што Зидан воопшто не го вклучи Лионел Меси за ниту еден карактеристика.