Пикфорд стана најплатен во Евертон!

by Стефан
0 минути читање

Aнглискиот репрезентативец и голман на Евертон Џордан Пикфорд го продолжи договорот со „карамелите“ до 2029 година.

Пикфорд член на Евертон е од 2017 година, а според новиот договор ќе заработува од 150.000 до 180.000 фунти неделно.

„Евертон е посебен клуб за мене. Пристигнав како младо момче, а тука израснав како човек и фудбалер. Пресреќен сум што ќе продолжам да бидам дел од оваа приказна“, изјави Пикфорд.

Вкупно во дресот на Евертон, Пикфорд оигра 326 натпревари, 296 од нив беа во Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×