Борусија уште ќе чека на прв триумф, Унион им се врати на победите (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Унион Берлин се вратија на победите откако вечерва ја овладаа Борусија Менхегладбах со 3-1 во рамките од седмото коло во германската Бундеслигата.

За Унион ова беше прв трумф по два натпревари без победа. Уште во третата мнута домаќините стигнаа до водство со голот на Данило Доеки, а истиот фудбалер во 26-тата минута и вторпат се запиша во листатан а стрелци.

https://twitter.com/GoalsXtra/status/1979261145853665710

Надежта на Борусија ја врати Табаковиќ кој погоди по нешто повеќе од половина час игра.

Во вториот дел виовме уште еден гол и тоа на десетина минути пред крајот, стрелаше Рани Кедира.

Со овие три бода Унион дојде до 10 бода со кои се наоѓа на седмата позиција, додека Борусија е последна без победа и со само три бода по седум кола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×