Билетите за Мундијалот се продаваат како „алва“ – веќе купиле навивачи од 212 земји во светот!

by Стефан
1 минути читање

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека интересот за Светското првенство во 2026 година е огромен и досега се продадени повеќе од еден милион билети.

Најголем дел од купувачите очекувано доаѓаат од трите земји-домаќини, САД, Канада и Мексико, но влезници се купени и од уште 212 држави ширум светот. Иако засега се познати само 28 од вкупно 48 учесници, интересот кај фудбалските навивачи веќе е на рекордно ниво.

ФИФА откри и кои земји се меѓу првите десет по број на купени билети, освен домаќините, во врвот се: Англија, Германија, Бразил, Шпанија, Колумбија, Аргентина и Франција.

Светското првенство 2026 ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули и ќе биде прво на кое ќе учествуваат 48 репрезентации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×