Делеше соблекувална со Роналдо и Дибала во Јувентус, а сега работи во градежништво

by Стефан
1 минути читање

Животот понекогаш пишува навистина неверојатни приказни, а еден таков пример за тоа е случајот на Чендрим Камерај, 26-годишен фудбалер со потекло од Косово.

Во 2019 година тој ја делеше соблекувалната со Кристијано Роналдо, Миралем Пјаниќ, Пауло Дибала и останатите ѕвезди на Јувентус, а само пет години подоцна, поради серија тешки повреди, беше принуден да стави крај на својата кариера.

Денес, на 26 години, Камерај работи заработува така што работи во градежништвото.

„Заработувам чесно, свесен сум дека животот можеше да тргне поинаку. Сепак, горд сум и на тоа што сум го поминал“, изјави Камерај.

Тој истакна дека е среќен што бил дел од клуб како Јувентус, иако не успеал да се избори за место во првиот тим.

„Во Торино ми беше прекрасно. Знаев дека е речиси невозможно да се пробијам меѓу најдобрите, бидејќи Јувентус секогаш ги купува најквалитетните играчи во светот. Но, горд сум што бев дел од тој клуб и што имав можност да тренирам со Роналдо, Пјаниќ и Дибала. Многу научив од нив“, додаде поранешниот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×