Квалификациските натпревари во октомври донесоа сериозни проблеми за Милан откако двајца важни фудбалери на „росонерите“ заработија повреди поради кои ќе отсуствуваат од терените.
Алегри нема да може да смета на Кристијан Пулишиќ кој со четири гола е најдобриот стрелец во Серија А сезонава, а поради повредата, Американецот ќе биде надвор од терените две недели. Во прв момент во Милан стравуваа дека станува збор за посериозна повреда, меѓутоа прегледите покажале дека сепак не се работи за кинење на мускулот и ќе може да се врати на терените за 15-тина дена.
Адриен Рабио се повреди во настапот за француската репрезентација и тој ќе остуствува подолго време, негово враќање се очекува за околу еден месец.
Милан на табелата во овој момент се наоѓа на третото место зад Наполи и Рома, викендов ќе се соочат со Фиорентина.