Трагедија среде меч: Млад Казахстанец падна на терен, а потоа почина (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Страшна трагедија го потресе фудбалот во Казахстан, бидејќи животот го загуби 19-годишниот Диас Толеу, млад фудбалер на Хан Тенгри.

Несреќата се случила за време на натпреварот меѓу Хан Тенгри и Екибастуз, кога по околу еден час игра младиот фудбалер одеднаш падна на тревникот. Според информациите од Казахстан, на Толеу му се слошило, а лекарските екипи веднаш реагираа и му укажала помош на теренот. Тој беше изнесен на носилка и, иако покажувал минимални знаци на живот, не успеал да се избори и починал на пат кон болницата.

Диас Толеу во последните две сезони беше дел од Хан Тенгри и одигра 44 натпревари за клубот, а претходно настапуваше за Каират Алмати.

Казахстанската јавност е во шок, а клубот преку социјалните мрежи испрати порака со сочувство до семејството на младиот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×