Донарума: Нема да пропуштиме трето Светско првенство, ја научивме лекцијата!

by riste
1 минути читање

Голманот на италијанската репрезентација, Џиџо Донарума е уверен дека ќе се пласираат на Мундијалот кој следната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Италија не настапи на двата претходни Мундијали откако Шведска и Македонија ѝ пресудија во бараж натпреварите.

Италијанската нација стравува дека може и трето Светско по ред да пропуштат бидејќи и овојпат патот до таму им е преку баражот.

„Нема да пропуштиме трето Светско првенство. Не се сомневам, нема да се случи по третпат, не може да се случи“, вели Донарума.

„Научивме од минатото. Нема да прецениме или да потцениме ниту една репрезентација. Има љубов во оваа група на фудбалери и кога ќе дојде времето за бараж, нема да бидеме исплашени“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×