Проблематичното однесување на Јамал создава бури во соблекувалната на Барса!

by riste
1 минути читање

Ламин Јамал е еден од најдобрите фудбалери во светот, но неговото однесување надвор од терените создава грижи за Барселона, неодамна тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Деко влегле во конфликт поради младиот фудбалер.

Бурниот живот на Ламин Јамал надвор од терените се одразува директно на него и неговата форма. Оваа сезона веќе двапати беше повреден. Загриженост покажа и неговиот менаџер Жорге Мендеш кој пред неколку дена имал тричасовен состанок со фудбалерот за да му укаже на штетата што може да ја направи од начинот на живеење.

Според каталонските медиуми, однесувањето на Јамал создава проблеми и во соблекувалната на Барселона.

18-годишниот фудбалер задоцнил на тренинг пред натпреварот со ПСЖ, за тоа е предвидена казна со неиграње во стартната постава, но Деко ургирал кај Ханси Флик да направи исклучок. Германскиот стратег не се согласил затоа што претходно такви казни добиле и Кунде, Рафиња, Пења и Рашфорд, па не сакал да прави исклучок. Но, Деко инсистирал, по што Германецот попуштил и Јамал стартуваше на тој дуел.

Некои сметаат дека Јамал може да го достигне нивото на Меси и Роналдо, но овие двајца максимално беа фокусирани на работата и немаа бурен живот надвор од теренот. Младиот Шпанецот доколку не остане имун на ноќните клубови, забавите, жените… тешко дека ќе може да биде константен како што беа Меси и Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×