Герет Бејл го откри својот страв: Ме плаши помислата за…

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Герет Бејл, изненади со искреното признание дека низ целата своја кариера се плашел да не банкротира. Иако важеше за еден од најплатените играчи на светот, Велшанецот откри дека тој страв го следи и денес. Бејл за девет сезони во дресот на Реал заработи околу 170 милиони евра, но вели дека никогаш не дозволил богатството да му ја замагли свеста.

Мислата дека би можел да банкротирам секогаш ме плашеше. Сите сме читале за спортисти кои по крајот на кариерата останале без ништо, затоа што не знаеле како да управуваат со парите“, изјави Бејл.

Токму поради тоа, поранешниот ас на Тотенхем и Реал одлучил да живее многу поскромно од своите колеги.

Многу спортисти живеат во луксуз, а јас тоа намерно го избегнував. Секогаш размислував што ќе биде кога ќе завршам со фудбалот, бидејќи тогаш веќе нема плата. Затоа настојував да инвестирам во повеќе различни проекти, за ако еден пропадне, да не изгубам сè“, додаде тој.

Бејл кариерата ја започна во Тотенхем, каде што исто така имаше високи примања, а ја заврши во Лос Анџелес, каде што според медиумите заработил околу 1,6 милиони евра. Според проценките на велшките медиуми, неговото богатство денес изнесува околу 150 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×