Џанлуиџи Донарума не е најпопуларен меѓу навивачите на Милан, откако реши да замине по истекот на договорот од овој клуб и бесплатно се пресели во ПСЖ.
Тој беше прогласен за предавник и немаше срдечен дочек со парижани на „Сан Сиро“, а во Милано беше исвиркан повеќе пати и кога ги бранеше боите на репрезентацијата на Италија. И покрај тоа, Донарума секогаш кажувал дека го почитува Милан, па последната изјава ќе им се допадне на навивачите.
„Имав среќа да ја гледам Серија А од две различни дестинации, Лига 1 и Премиер лигата. Гледајќи од страна, но и играјќи во другите лиги можам да кажам дека калчото не е послабо од конкуренцијата. Во Англија трчаат од првата до последната минута, а во Италија тоа не е така. Тоа не значи дека сме подобри или послаби, едноставно таков е фудбалот. Лигата сега е доста израмнета. Сметам дека Милан може да го освои Скудетото оваа година“, изјави Донарума.
Милан под водство на Масимилијано Алегри добро ја отвори новата сезона во Серија А, па по шест кола има четири победи, реми и пораз.