214
Италија повторно ќе треба преку плејоф да брка пласман за Светското првенство и тоа само поради еден кикс.
Поразот од Норвешка од 3-0, ја чини италијанската репрезентација неизвесност дали воопшто ќе се пласира на Мундијалот.
Италијанците не се пласираа на две СП по ред, па би било премногу за нив да пропуштат и трето во низа.
„Квалификациите во Европа станаа комплицирани, ако кикснете да еден натпревар ќе треба да одите преку плејофот“, рече Донарума.
Италијанскиот голман е во право, секој кикс во Европа може да биде кобен за пласман на СП.