290
Eкипата на Барселона потврди дека, Френки Де Јонг ставил потпис на нов договор.
Холанѓанецот беше еден од клучните фудбалери на Флик во изминатата сезона во походот на двојната круна, па така како награда стигна и новиот договор.
Според информациите на шпанските медуми, договорот има важност до 2029 година и во него има откупна клаузула од пола милијарда евра.
Ќе потсетиме, Де Јонг пристигна во Барселона од Ајакс во 2019 година во трансфер врееден 75 милиони евра, досега одигра 183 натпревари во кои постигна 14 погодоци.