Поранешниот фудбалер на Аталанта, Јосип Иличиќ проговори за депресијата во која западнал поради пандемијата на ковид-19, и вели дека тие неколку месеци во изолација му ја уништиле кариерата.
Словенечкиот напаѓач беше во најдобра форма во својата кариера во сезоната 2019/20, но тешко ја поднесе пандемијата на ковид-19 и карантинот. Дополнително беше погоден од гласини дека сопругата го изневерувала, па се мачеше со депресија и никогаш повторно не заигра на врвно ниво.
„Тоа беше многу тежок период. Многу луѓе ме прашуваат каде ќе бев денеска доколку не се случеа пандемијата и депресијата“ – вели Јосип Илиќиќ, кој се врати дома и го облече дресот на НК Копер.
„Не можам да кажам што навистина ќе се случеше, но убеден сум дека барам ќе играв финале во Лигата на шампиони“.
Тој потоа додава: „Не знаев дали повторно ќе играм фудбал. Кога сте заглавени дома, многу работи ви поминуваат низ глава. Јас поминав 42 дена затворен во Бергамо без моето семејство“.
„Се мачев. Пари, договори, слава… ништо не ми беше важно. Па се појавија и гласините дека сум ја фатил сопругата како ме изневерува“.
„На крајот се вратив дома. Во Словенија беше како никогаш да немало ковид-19, додека пак во Бергамо секоја вечер товареа ковчези во камиони. Страшни слики“.
„Неколку години претходно ја доживеав и трагичната смрт на Давиде Астори, со кого играв во Фиорентина, па и ова остави длабока трага“.
ФОТО: X/Atalanta B.C.