Косово му пресуди на најдобриот стрелец во историјата на Данска!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот дански фудбалер, Џон Дал Томасон доби отказ на клупата на Шведска по лошата низа на оваа репрезентација во квалификациите за Светското првенство, а се кулминираше со вчерашниот пораз од Косово.

Швеѓаните беа поразени со 1-0, а по тој порз останаа на дното на табелата со само еден бод, по што сојузот  му соопшти на Томасон дека повеќе нема да биде предводник на националниот тим.

Инаку, Томсон е вистинска легенда во Данска и најдобар стрелец во историјата на оваа репрезентација. Низ кариерата го носеше дресот на Милан, Фејенорд и уште неколку европски клубови.

На клупата на Шведска пристигна минатата година, но не се задржа долго.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×