Фудбалската репрезентација на Македонија ги заврши октомвриските натпревари со две нерешени средби, но со различен вкус. Првото реми во Гент против Белгија беше вистински подвиг, додека тоа во Скопје против Казахстан се смета за разочарување.
Според пресметките, овие резултати ќе донесат благ пад на најновата ФИФА ранг-листа што ќе биде објавена на 22 октомври. Македонија најверојатно ќе се најде на 66. место, што претставува пад од три позиции во однос на претходното рангирање.
Нашиот национален тим освои 7,34 поени по ремито со Белгија, но потоа изгуби 5,24 поени по дуелот со Казахстан, па конечниот биланс изнесува скромни плус 2,11 поени.
Можно е Македонија да падне и уште едно место, но тоа ќе зависи од исходот на пријателскиот натпревар меѓу Албанија и Јордан, кој ќе се одигра вечерва.