Почина бугарскиот навивач кој си го промени името во „Манчестер јунајтед“

by Стефан
1 минути читање

Бугарските медиуми објаавија таажна вест што за голем дел од спортската јавност звучи навистина необично, „Манчестер јунајтед почина на 63 години“. Се разбира, славниот англиски клуб е далеку од „смрт“, иако резултатите во последните години се далеку под очекувањата, а постои веќе 147 години.

Како што пренесува бугарскиот портал „Blitz“, станува збор за човек кој бил еден од најголемите и најверните навивачи на клубот од „Олд Трафорд“ , па дури и си го променил името во Манчестер Здравков Левиджов-Јунајтед.

На таков необичен потег, бугарскиот навивач се одлучил по освоениот трофеј на Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите во 1999 година, во легендарното финале против Баерн Минхен.

Бугарските медиуми објавија и фотографии на кои се гледа дека Левиджов го истетовирал грбот на клубот на неговото чело. Како причина за смртта се наведува срцев удар.

Како причина за смртта се наведува ненадеен срцев удар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×