Нови критики за Пикси: Имаше плата како 70 хирурзи заедно!

by Стефан
1 минути читање

По оставката на Драган Стојковиќ – Пикси од селекторската позиција на Србија по поразот од Албанија, во јавноста не стивнуваат реакциите, а свој коментар даде и познатиот спортски аналитичар Раде Богдановиќ.

Богдановиќ смета дека лошите настапи на српската репрезентација не се никакво изненадување за оние кои подолго време ја следат ситуацијата во националниот тим.

„До оваа ситуација дојдовме по низа години лошо работење. Ова не е изненадување за луѓето кои ја следат репрезентацијата. Долго време веќе играме лошо, уште од Светското првенство, па до денес. Селекторот не направи никаков систем на игра“, изјави Богдановиќ.

Тој додаде дека Стојковиќ не бил подготвен да прифати критика, иако имал целосна поддршка од сите структури во српскиот фудбал.

„Неговата плата беше иста како на 70 хирурзи од најдобрата хируршка клиника во Белград. Затоа и мораше да прифаќа критики. Со него низ репрезентацијата поминаа многу фудбалери, толку многу што веќе и заборавив на неколку од нив“, дополнува Богдановиќ.

Српските медиуми пренесуваат дека најсериозен кандидат за нов селектор е актуелниот тренер на Црвена звезда, Владан Милојевиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×