Уште еден играч на Милан го крена гласот против играњето во Австралија

by riste
1 минути читање

Голманот на Милан, Мајк Мењан му се приклучи на Адриен Рабио кој претходно ја искритикува идејата да играат натпревар од Серија А во Австралија против Комо.

Французите во Милан не се согласуваат со одлуката на клубот за играње во Австралија меч од Серија А среде сезона. Мењан смета дека е несериозно тоа со оглед што клубот се бори за високи цели.

„Се сложувам со Рабио. Денес многу работи се забораваат, а премногу се зборува за пари. Не разбирам зошто да играме дуели во странство од италијанското првенство. Нашите цели се високи и не смееме да прифатиме такво нешто“, вели Мењан.

Мечот меѓу Комо и Милан во февруари треба да се игра во Перт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×