„Каталонците“ се во потрага на „9-ка“, на листата со желби има неколку имиња, но поради финансиските проблеми, можно е да биде ангажирано изненадувачко име – Ета Ејонг од Леванте.
Еден од приоритетите на Барселона во летниот преоден рок ќе биде ангажман на нов напаѓач, кој ќе треба да го замени Роберт Левандовски.
На листата со желби има неколку имиња, најзвучното е Ерлинг Халанд од Манчестер Сити.
Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид исто така котира високо, а во последно време се шпекулира и со Серху Гираси од Борусија Дортмунд.
Но поради финансиските проблеми, на Камо Ноу може да пристигне изненадувачко име – Ета Ејонг од Леванте.
21 годишниот фудбалер импресионираше на стартот од сезоната, и со четири погодоци на пет натпревари го привлече вниманието на многу клубови.
Се шпекулира дека Ета Ејонг може да биде купен за 30 милиони евра, па затоа е примамлива опција за Барселона.
ФОТО: X/Levante UD