233
Селекцијата на Казахстан уште еднаш го совлада Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство, овојпат победија со 4-0.
Казахстан победата ја оствари пред гостувањето кај Македонија во Скопје.
По два гола постигнаа во двете полувремиња. Во првиот дел погодија Кенжебек и Зајнутдинов.
Во вториот ден Кенжебек и Касим реализираа за конечни 4-0.
По шест одиграни меча Казахстан има исто толку бодови, Лихтенштајн останува без бодови.
Мечот меѓу Македонија и Казахстан се игра во понеделник со почеток од 20:45 часот.