Олмо повторно се повредил, надвор од терените поминал повеќе од една година!

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот фудбалски сојуз потврди дека Дани Олмо (27) повторно се повредил. Фудбалерот на Барселона се приклучил на репрезентацијата со болки во листот и нема да настапи на претстојните натпревари против Грузија во Елче и Бугарија во Ваљадолид.

Во последната репрезентативна пауза, кога Шпанија убедливо ги совлада Бугарија и Турција, Олмо одигра само 19 минути на првиот натпревар, додека на вториот воопшто не влезе во игра и тоа беше изненадување.

Од сезоната 2021/22, шпанскиот офанзивец не успе да ја издржи ниту една сезона без прекин поради здравствени проблеми. Во последните четири години одиграл 84 натпревари, а зад себе има дури 12 повреди, девет од нив мускулни. Кога се ќе се собере тој паузирал вкупно 370 дена што повеќе од една година помината надвор од терените.

Минатото лето Олмо се врати во Барселона од Лајпциг во трансфер вреден 55 милиони евра, а во актуелната има десет настапи, со еден постигнат гол и две асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×