Грчки гигант има нов дијамант, но не го продава ниту за 40 милиони евра!

by 24 фудбал
1 минути читање

Олимпијакос е свесен дека во своите редови има вистински фудбалски дијамант во ликот на Христос Музакитис и нема намера лесно да се откаже од него.

Откако претходно го продаде Костулас во Брајтон за рекордни 37 милиони евра, клубот од Пиреја би можел повторно да го собори балканскиот рекорд со следната трансакција. Музакитис, кој има само 18 години, веќе е цел на најбогатите европски екипи, а Олимпијакос планира максимално да го капитализира неговиот развој. Спортскиот директор Дарко Ковачевиќ во изјава за „Тутоспорт“ откри дека клубот неодамна одбил огромна понуда.

Одбивме 40 милиони евра за Музакитис, затоа што веруваме во неговиот потенцијал. Тој има само 18 години, но зрелоста му е како на триесетгодишник. Поседува неверојатна контрола на топката, нешто што е вистинска реткост во Европа за играч на тие години“, изјави Ковачевиќ.

Младиот играч за врска привлече внимание со настапите во тимот што ја освои Лигата на шампионите за млади, а во Пиреја се уверени дека токму тој е следниот голем извозен производ на Олимпијакос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×