Босанскиот репрезентативец Тарик Мухаремовиќ би можел нааскоро да биде ново засилување за Интер.
По заминувањето од Јувентус, младиот дефанзивец потпиша за Сасуоло, каде што се наметна како стандарден член на почетниот состав и со своите настапи го привлече вниманието на повеќе клубови.
Најголем интерес, според италијанските медиуми, покажува Интер, кој според информациите ќе бара замена за поискусните Стефан Де Фрај и Франческо Ачерби.
„Извесно е дека Интер ќе остане без Стефан Де Фрај и Франческо Ачерби, па клубот ќе инвестира во еден млад стопер кој има искуство, Мухаремовиќ изгледа како одлична опција“, наведува новинарот Пасквале Гара.
Доколку трансферот се реализира, корист би имал и Јувентус, бидејќи при неговото заминување во Сасуоло „старата дама“ си обезбеди клаузула со право на 50 проценти од следната продажба.